Затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“ потврдена и од Врховен суд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Врховниот суд ја потврди затворската казна од 1 година и шест месеци која му беше пресудена на бившиот македонски премиер Никола Груевски за случајот „Насилство во Центар“. Поточно, судот го отфрли неговото Барање за вонредно преиспитување на пресудата.

-Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со Квп2 48/2022 со кое советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје и пресуда на Апелациониот суд Скопје, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено, информираат од судот.

Оттаму додаваат дека на сила останува казната одредена со правосилната пресуда.

-Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од К.З, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021, велат од судот.