Home Мода и убавина Зара со вирален хит: светкаво здолниште што привлекува внимание каде и да се појави

Зара со вирален хит: светкаво здолниште што привлекува внимание каде и да се појави

Сезоната на забави тропа на врата, сијаличките се палат, а потрагата по совршената комбинација влегува во завршна фаза.

Ако до сега малото црно фустанче или елегантниот сатенски комбинезон беа златен стандард за новогодишните пригоди, оваа зима сите рефлектори ги презема еден многу похрабрен моден избор — суќња преплавена со светки. Да, токму таа што свети како диско топка и привлекува погледи и од авион.

Додека high street брендовите се натпреваруваат кој ќе понуди повеќе гламур, „Зара“ лансирше модел што буквално експлодираше на TikTok и Instagram. Вирален, баран, се распродава побрзо отколку што ќе стигнете да го ставите во кошничка – чоколадно-кафеава нијанса, прекриена со богато нанесени светки што го рефлектираат светлото како да се мини огледалца. А цената? Подостапна отколку што изгледа. Токму оној момент кога high street изгледа како haute couture.

Како да ја носите за да изгледа WOW, а сепак ненаметливо?

Со широк плетен џемпер
Совршен баланс меѓу гламур и cozy чувство. Oversized плетивото му дава опуштеност на сјајот, а тенка кожна лента околу половината ја дефинира фигурата и додава женственост.

За дневни комбинации — да, можно е!

Основна маичка + структуриран блејзер = најдобрата дневна варијанта на rock шик стил. Повседневно, но средено – изгледате како да сте се потрудиле, иако сето тоа ви одзело помалку од 5 минути.

Минималисти, и за вас имаме идеја

Монохроматски стајлинг во бојата на суќњата + класични потпетици – чист, уреден и елегантен изглед што не вика по внимание, ама остава впечаток. Идеално за вечери, канцелариски забави и настани каде сакате да блеснете, ама со стил.

За гламурозни максималисти

Металик топ, крој како корсет, можеби и некоја перла плус? Ако обожавате да светкате без граници – само напред. Нова година е, дозволено е сè освен здодевност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

3 проверени начини за намалување на знаците на стареење без скалпел

Производи кои ќе ви помогнат да ги намалите пегите, фините линии и брчките Иако инвазивнит…