Home Актуелно Заев решил да има избори: „Ако нема консензус за датум, тие ќе се случат на 21 јуни“

Заев решил да има избори: „Ако нема консензус за датум, тие ќе се случат на 21 јуни“

Првиот човек на СДСМ и бивш премиер, Зоран Заев, на денес одржаната конференција за медиумите најави дека ако нема консензус околу датумот на избори, останува да се почитуваат уставот и законите, додавајќи дека терминот за избори е 21 јуни.

„Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите…треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“, рече Заев.

„Предлогот на опозицијата за избори на крајот на летото е апсолутно неодговорен“, рече Зоран Заев на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Тој смета дека тогаш би можело да има нова здравствена криза, како и да се продлабочи економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Заев рече дека нема да се дозволат незаконски и неуставни избори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…