Заев: После вториот круг ќе се знае дали ќе има предвремени парламентарни избори


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По завршувањето на вториот круг од локалните избори на 29 октомври ќе се донесе одлука дали Македонија ќе оди на нови, предвремени парламентарни избори, порача премиерот Зоран Заев.

Според него, моментално е важно и вториот круг да помине во мирна и демократска атмосфера. На победата на СДСМ во првиот круг од локалните избори во повеќе општини и во градот Скопје, Заев гледа како на поголема мотивација за работа, но додава дека е рано да се размислува за нови избори без да заврши гласањето по две недели.

Од друга страна по големиот пораз во првиот круг на локалните, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ почна да се ниша. Пратеникот од партијата на Стевчо Јакимовски, ГРОМ, Чедомир Саздовски во Собранието соопшти дека отсега натаму тој ќе биде независен пратеник. Следуваше коментар и од Заев.

По заминувањето на Саздовски од коалицијата, на ВМРО ДПМНЕ му остануваат 50 пратеници. Во меѓувреме, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, на 29 октомври ќе бидат познати имињата кои ќе ги заменат пратениците кои станаа градоначалници.