Home Актуелно Заев денес ќе се вакцинира против КОВИД-19

Заев денес ќе се вакцинира против КОВИД-19

Премиерот Зоран Заев денеска јавно ќе се вакцинира против ковид-19 на вакциналниот пункт во спортскиот центар „Борис Трајковски“, најавија од владината прес-служба.

Тој ќе се вакцинира напладне на пункт во „А1 арената“, по што е предвидено да даде и изјава за медиумите.

Пред десетина дена вакцинирањето на премиерот и министрите го најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тогаш се вакцинираа и пратениците и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој беше првиот висок функционер што јавно ја прими вакцината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…