Со години ретинолот беше познат како неприкосновен “златен стандард” во анти-ејџ рутината. Дерматолозите го препорачуваат, љубителите на убавината го обожуваат, а фините линии го стравуваат. Но, на сцената на нега на кожа дојде нов играч кој ветува уште побрзи и видливи резултати. Запознај го ретинал – посилна, поефикасна и помодерна верзија на витамин А која сериозно претендира да го преземе тронот.
ШТО Е ПО ТОЧНО РЕТИНАЛ?
Ретинал (познат и како ретиналдехид) е дериват на витамин А и припадник на семејството на ретиноиди. Неговата супермоќ? До активниот облик – ретиноична киселина – доаѓа во само еден чекор на конверзија. Ретинолот бара два.
Во превод: ретинал дејствува побрзо и поефикасно, па многу експерти велат дека може да биде до 11 пати појак во поттикнување на обновата на клетките. Идеална опција за зрела кожа што сака видливи резултати без долго чекање.
ЗОШТО СИТЕ ГО САКААТ ВО РУТИНАТА?
Ретинал е вистински мултитаскер во шишенце:
- Ги ублажува фините линии и длабоките брчки
- Го поттикнува производството на колаген
- Го уедначува тениот и ги намалува хиперпигментациите
- Ги визуелно намалува порите
- Го регулира лачењето на себум
- Помага против акни благодарение на антибактериското дејство
Со редовна употреба, кожата станува мазна, затегната, блескава и видливо еластична. Текстурата се изедначува, а тенот добива онаа “стаклена кожа” свежина која сите ја посакуваат.
КАКО ДА ГО ВОВЕДЕТЕ ВО РУТИНАТА?
Ретинал се користи исклучиво навечер бидејќи, како и сите ретиноиди, е чувствителен на светлина. Ако кожата е почетник во ретиноидите, препорачливо е да се користи 2–3 пати неделно, со постепено зголемување на фреквенцијата – во зависност од толеранцијата. Задолжително е употреба на SPF преку ден, без исклучоци.
Важно: избегнувајте комбинирање со силни киселини и агресивен пилинг за да се намали ризикот од иритација.
РЕТИНАЛ VS РЕТИНОЛ – КОЈ ДА ИЗБЕРЕТЕ?
Ретинолот е поблаг и одличен за чувствителна кожа или за оние што штотуку влегуваат во светот на ретиноидите. Дејствува поспоро, но често е полесен за поднесување.
Ретинал е појак, дава побрзи резултати и е посебно добар избор за кожа што се бори со брчки, акни или дамки. Сепак, модерните формулации се сè повеќе внимателно дизајнирани за да се намалат иритациите и да се подобри поднаниењето.
Доколку целта е брза и интензивна анти-ејџ акција – ретинал е сериозен кандидат. Ако кожата е со почеток на ретиноидното патување, ретинолот е посигурна стартна позиција.
Едно е сигурно: ерата на витамин А и понатаму продолжува, само во уште напредна верзија.