Home Шоубизнис За помалку од еден месец овој филмски хит заработи над 1 милијарда долари

За помалку од еден месец овој филмски хит заработи над 1 милијарда долари

Филмот за Марвеловиот суперхерој, Black Panther, за помалку од еден месец прикажување во светските кино сали, заработи над 1 милијарда долари, пренесува ВВС.

Чедвик Босман, кој го глуми стрип јунакот T’Challa, заедно со Лупита Нјонг’о, Мартин Фримен, Даниел Калуја, Летиција Рајт, Винстон Дјук, Анџела Басет, Форест Витакер и Енди Серкис ја прават актерската екипа која ги игра улогите во оваа филмувана стрип приказна.

Филмот е оценет како пресвртница во филмската индустрија, бидејќи во него доминираат црномурестите актери. Екипата од филмот доби пофалби и од бишата прва дама на САД, Мишел Обама.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …