Вторничка временска прогноза


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Времето во Македонија денеска, вторник, 11. април, ќе биде умерено облачно, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Во Скопје умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер и дневна температура од 16 Целзиусови степени. Маврово 8, Охрид и Битола 14, Крива Паланка и Берово 11, Кавадарци 16, Дојран 18.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 10 до 20 степени.