Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Наутро во Македонија ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро со услови за повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен. Маврово 14, Охрид 18, Битола 24, Крива Паланка 20, Берово 17, Кавадарци и Дојран 22.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…