Вторничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес, вторник, претпладне и околу пладне времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд и грмежи.

Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 21 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 26 степени. Маврово 21, Охрид 26, Битола 28, Крива Паланка и Берово 24, Кавадарци 29, Дојран 32.

Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.