Home Актуелно Временска прогноза за последниот понеделник во август

Временска прогноза за последниот понеделник во август

Времето во земјава ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува, особено вдолж Повардарието.

Дневната максимална температура ќе се движи од 32 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 13 до 36 степени.

Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со засилен ветер и појава на грмежи. И во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладнето. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу 7 степени, а на некои места и повеќе и ќе се движат од 23 до 30 степени.Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневните температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…