Home Актуелно Временска прогноза: Еве какво време носи овој четврток

Временска прогноза: Еве какво време носи овој четврток

Денес, четврток, 16 јули, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе до 31 степен.

До утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а локално во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…