Ако сте љубител на целосно црн изглед и бојата црна, тогаш веројатно не се одвојувате од неа дури ни во текот на летната сезона, иако во одредени ситуации тоа можеби не е најдобриот избор.
Ако пак спаѓате во групата жени кои претпочитаат светли бои во лето, тогаш доаѓа времето кога повторно можете да ја вклучите црната боја во вашите модни комбинации. Без разлика дали сте љубител на црната боја во секоја сезона и прилика, или пак ја носите главно во есен и зима, пред нас е периодот кога без двоумење можете да ја вратите на модната сцена и да создадете елегантни и впечатливи стајлинзи, без страв дека изгледот ќе делува премногу темно за дадената сезона.
Во есенската гардероба, покрај земјени тонови како беж, кафеава и зелена, можеме да вклучиме и неутрални нијанси како бела и сива, а секако и омилената црна боја. Во овој период може да создадете целосно црн изглед или да ја вметнете црната боја на различни начини: преку црна јакна, црн горен дел, црни панталони или здолниште, како и преку парчиња облека со дезени каде што доминира црна боја, како пругасти фустани, здолништа, топови или кардигани.
Во галеријата погледнете ги стајлинг предлозите што ги одбравме и кои ќе ве инспирираат повторно да ја вратите црната боја во вашата есенска мода на елегантен начин.