Дали веќе испланиравте што ќе носите за Новогодишните и Божиќните празници?
Белата и црвената се најпопуларните бои кога станува збор за празничен дизајн на нокти, а постојат многу креативни идеи што можете да ги искористите. Може да го прикажете вистинскиот празничен дух со цртање ирваси, Дедо Мраз или Снешко Белко, да насликате бели снегулки, омилените бонбони или новогодишна елка. Доколку ваквите дизајни ви се чини дека се детски, пробајте со француски маникир, но во црвена и бела комбинација.
Ако сте креативни и сакате да експериментирате, можете на белата и црвената основа да додадете детали во зелена боја. За дополнителен сјај и гламурозен изглед, користете циркони или лак со сјај.
Идеите се речиси бесконечни, а ние ви претставуваме неколку кои можете да ги примените во наредните празнични денови.
Галерија на фотографии
Вкупно: 10 фотографии