Home Актуелно Водата од крајпатната чешма во прилепска Ѓумушица неисправна за пиење

Водата од крајпатната чешма во прилепска Ѓумушица неисправна за пиење

Не е исправна водата за пиење од крајпатната чешма во месноста Ѓумушица, соопшти Општина Прилеп.

Водата од ова чешма според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

„Центарот за јавно здравје – Прилеп врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи коишто се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП ‘Водовод и канализација’“, се вели во известувањето од општината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…