Во Скопје ограбена примабалерината Натка Пенушлиска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, во влезот од нејзината зграда, била нападната и ограбена примабалерината Натка Пенушлиска.

Таа искористувајќи го периодот во кој може да се движи отишла во банка да подигне пари. Напаѓачот веројатно ја следел од банката до зградата во која што живее на улица Никола Тесла во населбата Карпош 1.

Во моментот кога пристигнала во зградата и влегла во влезот била нападната одзади. Напаѓачот и ги зел парите и веднаш избегал. Пенушлиска не е повредена и во моментов полицијата врши увид.