Home Актуелно Во родниот град на Меси еден од најталентираните аргентински фудбалери застрелан во глава

Во родниот град на Меси еден од најталентираните аргентински фудбалери застрелан во глава

Лаутаро Ронки кој има 18 години и кој важи за еден од најталентираните аргентински фудбалери во овој момент, пред четири дена бил застрелан во глава додека седел во кафуле во Росарио, родниот град на Меси.

Ронки е фудбалер на Расинг и во моментот на нападот бил во кафулето со својот пријател Ерик Дијаз.

Според информациите кои ги пренесуваат аргентинските медиуми во еден момент група вооpyжени луѓе влегле и почнале да пyкаат.

Ронки веднаш бил хоспитализиран и за жал информациите се дека сè уште е во критична состојба и приклучен на респиратор.

Сезонава во Б тимот на Расинг тој постигна 12 гола и се најавуваше дека ќе добие шанса во првиот тим кај Фернандо Гаго, а се поврзуваше и со неколку европски клубови.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…