Home Шоубизнис Во првите редови, совладана од емоции: Цеца на комеморацијата за Саша Поповиќ

Во првите редови, совладана од емоции: Цеца на комеморацијата за Саша Поповиќ

Цеца пристигна на комеморацијата за Саша Поповиќ видно потресена. Денес е мошне тажен ден за јавната сцена на Србија. Во Сава Центар се одржува комеморацијата за Саша Поповиќ, додека погребот е закажан за 14:30 часот на Новите бежаниски гробишта. Од музичкиот маг и еден од најомилените луѓе на јавната сцена се простуваат семејството, бројни пријатели и соработници, меѓу кои и неговата блиска пријателка. Цеца пристигна на комеморацијата за Саша Поповиќ сосема скршена. Пејачката беше облечена целата во црно, а лицето и неизмерната тага што го одразуваше сакаше да ги сокрие зад големи темни очила. Први на комеморацијата пристигнаа неутешната сопруга на Саша, Сузана, ќерката Александра, како и синот на Сузана, Даниел. Веќе пред 10 часот започнаа да се собираат голем број луѓе за да му оддадат последна почит на Саша Поповиќ, а меѓу првите што пристигнаа беше Горан Шљивиќ, негов долгогодишен соработник и пријател.
Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Торбата е убава, но патиките на Милица Павловиќ се моден императив за сезоната – совршени и за преку ден и за навечер

Патиките на Милица Павловиќ се полн погодок Фото: Иван Вучиќевиќ Популарната пејачка Милиц…