
У првиот ред, совладана од емоции: Цеца на комеморацијата за Саша Поповиќ
Цеца пристигна на комеморацијата за Саша Поповиќ видливо потресена.
Денес е исклучително тажен ден за јавната сцена на Србија. Во Сава Центар се одржува комеморацијата за Саша Поповиќ, додека погребот е закажан за 14:30 часот на Новото бежаниско гробиште.
Од големиот естраден маг и еден од најсаканите луѓе на јавната сцена се простуваат неговото семејство, бројни пријатели и соработници, меѓу кои и неговата голема пријателка. Цеца пристигна на комеморацијата целосно скршена.
Пејачката беше облечена во црно, а лицето и неизмерната тага се обиде да ги сокрие зад големи темни очила.
На комеморацијата први пристигнаа неутешната сопруга на Саша Поповиќ – Сузана Јовановиќ, нивната ќерка Александра, како и синот на Сузана Даниел.
Веќе пред 10 часот, многумина се собраа за да му оддадат последна почит на Саша Поповиќ. Меѓу првите пристигна и неговиот долгогодишен соработник и пријател Горан Шљивиќ.