Во Прилеп изминатата ноќ опожарено уште едно возило


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изминатата ноќ во Прилеп имаше уште еден случај на палење на автомобил.

Околу 2 часот после полноќ непознати сторители запалија возило „марка Пежо 206“ чии сопственици се брачен пар од кои едниот вработен во администацијата на Општина Прилеп, а другиот лекар во општата болница Прилеп. Вчера пак беше опожарен автомобилот на прилепскиот пратеник Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и автомобилот на неговиот татко. Инаку за 2 недели ова е второ опожарување на автомобил вработен во прилепската локалната самоуправа. Пред 3 недели пак запален беше автомобилот на директорот на прилепски „Комуналец“, Рубин Абрашоски. За еден месец во Прилеп се запалени 5 возила, пренесува Сител.

Во денешното соопштение Од СВР Битола изјавија дека околу 01.00 часот на ул. „Киро Нацевски Фетак“ настанал пожар во патничко моторно возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Н.Р. (65) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од страна на територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и моментално се работело на расчистување на случајот.

Инаку обвинителката Маријана Илиеска денеска телефонски ни изјави дека лицето кое вчера беше лишено од слобода под сомнение дека е сторителот на пожарот на автомобилот на пратеникот Ристески денеска заработило 8 дневен притвор. но не за делото потпалувавањето туку за делото спречување службено лице при вршење на службено дејство, бидејќи кога бил однесен во полициската станица и му бил побаран мобилниот телефон тој го скршил, а телефонот се водел како доказен материјал.

Вчера пак околу 23 часот е лишено од слобода уште едно лице за кое се има сомненија дека можеби има информации со запалувањето на автомобилот на пратеникот Ристески. Лицето моментално е во ПС Прилеп.