Во париска куќа вредна 35 милиони долари пронајдено човечко тело стар 30 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на реставрирањето на една напуштена луксузна париска резиденција вредна 35 милиони евра, во подрумот било пронајдено распаднато тело што било таму 30 години, пишува „Гардијан“.

Огромната зграда на улицата „Одинот“ во центарот на Париз, на неколку минути од официјалната резиденција на премиерот и поранешниот дом на Ив Сен Лоран е празна повеќе од 30 години. Некогаш била дом на поетот и драмски писател Франсоа Копе, а некогаш убавата градина е напуштена од средината на 1980-тите и сега е целосно обрасната.

Престижната зграда конечно била продадена овој јануари од дискретна холандска компанија на аукција која траела едвај 15 минути. Била купена за 35,1 милиони евра од Жан-Бернард Лафонта, поранешен директор на инвестициската компанија Вендел, кој сега води сопствен бизнис.

Обемната работа на зградата, која е специјално заштитена, започнала овој февруари. Но, тогаш работниците пронашле распаднато тело во подрумот под купот штици, а јавноста сега дозна за нивното откритие.

„Сите бевме уништени кога дознавме дека стои таму долго време, без никој да знае ништо за тоа“, изјави Сабин Лебретон, потпретседател на локалното здружение за заштита на зградите.

Откако го пронашла телото, полицијата започнала истрага за убиство и открила дека станува збор за бездомник алкохоличар по име Жан-Пјер Рено.

„Можеме да претпоставиме дека тој се борел со некој кој исто така живеел на работ на општеството. Не е јасно дали тој починал во зградата или бил донесен таму и веројатно нема никогаш да откриеме кој го убил. Многу е веројатно дека убиецот и самиот е денес мртов“, изјавиле полициски извори.

Работата на зградата се очекува да продолжи по летото.