Во наредните десет дена ќе се намалат цените на лебот, месото, млекото и млечните производи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерот за економија Крешник Бектеши тврдеше дека цената на лебот се намалила, без да прецизира каде и за колку се намалила, а дополнително се пофали дека ќе продолжи трендот на намалување особено пред празниците кои претстојат.

Бектеши прашан каде има намалување на лебот, наместо да даде појаснување ги пренасочи новинарите да истражат и обвини за сензационализам.

Бектеши најави дека во наредните 3 до 4 дена ќе следи намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи.

Министерот најави дека утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец во делот на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија.