Home Актуелно Во грабеж на казино кај граничниот премин Блаце убиени две лица

Во грабеж на казино кај граничниот премин Блаце убиени две лица

Рано утрово, во грабеж на казино кај граничен премин Блаце, биле убиени две лица.

На 15.02.2020 во 04.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.

Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал.

Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…