Во Арачиново не се плаќа ни денар за данок на имот, а општината добива 500.000 за реконструкција на патишта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вкупно 70 милиони евра ќе поделат македонските општини за реконструкција на патната инфраструктура. На Арачиново од овој проект му следуваат 500.000 евра, објави Алсат.

Парите не можат да се вратат бидејќи се заем од Светска банка за развој на локалната самоуправа. Но, за да ги добијат овие средства, општините дефинитивно ќе мораат да достават проекти до Министерството за транспорт и врски, за што конкретно ќе ги користат парите.

80 општини имаат право да аплицираат, додека сумата што ќе ја добие секоја општина е заснована на бројот на население во таа земја. Поточно, за Арачиново, позната како општина каде не се плаќа данок на имот, ќе бидат издвоени 500 илјади евра за реконструкција на патиштата.