Home Шоубизнис Во 2020 година ќе се снима документарец за Грета Тунберг

Во 2020 година ќе се снима документарец за Грета Тунберг

Документарец посветен на животот и активизмот на шведската тинјеџерка и активистка Грета Тунберг како филмски проект е највен за идната година.

Приказната ќе ја следи шведската тинејџерка од првиот ден од нејзината борба против климатските промени, но и тоа колку политика има во таа борба.

Филмот, чијшто работен наслов е „Грета“, ќе го режира Нејтан Гросман. Во него ќе се содржи и нејзиното учество на меѓународните протести, како и говорите одржани годинава на Самитот на ОН во Њујорк и на Самитот за климата во Мадрид. Планирано е филмот да се сними и премиерно да биде прикажан наредната 2020 година.

Тунберг неодамна, во угледното списание „Тајм“, беше прогласена и за личност на годината поради нејзината кауза и борба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Поранешна блиска пријателка ја осуди Мегин Кели за „одвратните“ коментари за погрешната дијагноза на Кристина Еплгејт

Џенис Дин остро ја критикуваше Мегин Кели по нејзините коментари за Кристина Еплгејт, која…