Во 2003 ја посвоија откако ја најдоа во картонска кутија – денес е чудо од дете (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога била на бебешка возраст од само еден месец, Мекензи Вокер била оставена од своите родители во картонска кутија на железничката станица во Кина. За среќа, пронајдена е на време и одведена во сиропиталиште. Таму поминала година дена, а во 2003 година била посвоена од едно семејство во Тексaс.

Нејзиното ново семејство, откако Мекензи била мала сфатиле дека нивната ќерка има неверојатен талент за музика. Само што научила да зборува, ги паметила текстовите на песните напамет и пеела песни од почеток до крај. Сакале да го негува нејзиниот талент и кога наполнила 5 години ја носеле на часови по пеење, а дури и вработиле менаџер.

Девет години откако ја посвоиле, во 2012 година, Мекензи доживеала неверојатен момент со кој сите ги шокираше, во позитвна смисла, како нејзините родители. Таа година пеела химна за Безбол лигата каде ја забележал Марк Кармен.

Кармен е успешен продуцент и понудил на младата Мекензи која тогаш имала само 10 години договор како би изгледал нејзиниот албум.