Внукот на Мајкл Џексон ќе го игра својот чичко во биографскиот филм за „кралот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џафар Џексон ја доби улогата да го игра ликот на својот покоен чичко, Мајкл Џексон, во претстојниот биографски филм, кој ќе го документира животот на кралот на поп-музиката.

Џафар, кој е син на Џермејн, братот на Мајкл Џексон, е најавен како дел од актерската екипа на филмот.

Антоан Фукуа, кој го режира биографскиот филм „Мајкл“, рече дека е „се гордее што го најавува Џафар како Мајкл и дека тоа е кинематографски настан што го истражува патувањето на човекот што стана крал на попот“.

Датумот на премиера на „Мајкл“ сè уште не е објавен, но Фукуа напиша дека „доаѓа набргу“.

Џафар на социјалните мрежи напиша: „Чест ми е што можам да ја оживеам приказната на мојот чичко Мајкл. До сите фанови во светот, се гледаме набргу“.