Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ преку оглас ќе бира кандидат за претседател – може да се пријави кој сака

ВМРО-ДПМНЕ преку оглас ќе бира кандидат за претседател – може да се пријави кој сака

На огласот за избор за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, кој партијата ќе го пушти најдоцна до 11 јануари, ќе може да се пријави секој граѓанин на Република Македонија кој ги исполнува условите да може да се кандидира за претседател.

Огласот ќе биде отворен десетина дена по што ќе следува констатирање на листата и образложување на пријавените низ двонеделни активности. Изборната конвенција во партијата е предвидена за 16 февруари кога ќе биде позната личноста со која ВМРО ДПМНЕ ќе влезе во претседателската трка.

По денешниот состанок на ИК, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски изрази голема самодоверба и очекување за сериозна победа на изборите за претседател на Македонија како најава и победнички вовед за наредните парламентарни избори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…