Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија, која за него е смислата на животот, ја доби со поранешната партнерка, инфлуенсерката Јована Јоциќ, со која ја прекина вонбрачната заедница во 2022 година.
Со сегашната сопруга е во брак од 2024 година, но детали за неа не споделува во јавноста и медиумите не ја познаваат. Сепак, во емисијата „Чит Чет со Немања“, Владан откри:
„Феноменално ја прифати. Тоа е една таква љубов, особено последнава година. Не се разделуваат. Кога е жена ми тука, не сум ѝ интересен. Двете жени, не им треба маж, си ја водат својата приказна.“
Додава дека на ваква ситуација се подготвувал и преку психотерапија:
„Одамна ми рече психологот: ‘Владо, имаш дете, секогаш имај на ум кога ќе избираш партнерка, внимателно процени дали искрено го сака твоето дете, или само тебе.’ Убеден сум дека е искрено и со љубов, толку што жена ми кога јас работам, оди, ја зема Анѓа, одат во парк, игралиште.“
Владан зборуваше и за односот со поранешната партнерка Јована Јоциќ:
„Функционираме баш како што треба. Да се разбереме, не сме пријатели што седат заедно на ручек, но функционираме одлично. Јас сум тука за неа и за нејзиното семејство, таа е тука за мене и за моето. Жалосно би било поинаку, кога веќе имаш дете со некого.“