Викендов носи дожд и снег, понеделнички температури со негативни вредности


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Врнежи од дожд и снег на планините се очекува за претстојниот викенд, а од понеделник пад на температурите.

Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на повисоките места, при што ќе се формира и снежна покривка.

Локален слаб снег, особено во западните делови ќе има и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Минималните температури ќе се движат во недела од еден до осум степени, во понеделник од минус пет до три, во вторник од минус девет до минус два, во среда од минус осум до минус два и во четврток од минус девет до минус три степени.

Максималната температури ќе се движат во недела од три до 10 степени, во понеделник од минус еден до пет, во вторник од минус два до четири, во среда од минус два до пет и во четврток од минус еден од шест степени.