Викенд временска прогноза

Денешниот саботен ден во Македонија носи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степена.

Утре температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку денот.