ВИДЕО: Нов напад во Белгија – напаѓачот веднаш застрелан!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден човек, најверојатно со потекло од Сомалија беше застрелан во центарот на Брисел синоќа откако со нож нападна двајца војници, јавија белгиските медиуми.

Напаѓачот е идентификуван како 30-годишен доселеник од Сомалија, кој на властите не им бил познат претходно по екстремистички активности.

Мажот кој беше застрелан во петокот вечерта откако со мачета нападна двајца војници во центарот на белгиската престолнина Брисел починал подоцна ноќта, соопшти белгиското сојузно обвинителство, додавајќи дека овој инцидент го смета како за обид за терористичко убиство.

Портпаролката на сојузното обвинителство на Белгија потврди дека мажот двапати извикнал „Алаху акбар“ (Господ е голем, на арапски јазик) во текот на нападот. Тоа го доведува во поврзаност со радикализам од исламистички позиции.

Војниците се полесно ранети во нападот, еден во лицето а другиот во раката.

„Врз основа на идентитетот засега знаеме дека станува збор за 30-годишен маж кој не е познат по терористички активности“, изјави портпаролката на обвинителството. Според јавниот сервис RTBF, станува збор за 30-годишен доселеник од Сомалија.

Покрај редовната полиција на улиците на Брисел патролираат и војници поради зголеменото ниво на безбедносна закана по нападите на исламските милитанти во Париз и во Брисел во 2015 и во 2016 година, за чии извршители се покажа дека главно се припадници на белгиска терористичка ќелија.

Во јуни војници застрелаа осомничен бомбаш самоубиец на централната железничка станица во Брисел, но немаше други жртви во овој случај кој белгиските власти го сметаат за терористички инцидент.