Home Вебкафе Видео: Фудбалски судија почина среде натпревар во Боливија

Видео: Фудбалски судија почина среде натпревар во Боливија

Судијата Виктор Хуртадо почина за време на натпреварот од 25-то коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на Олвејс Реди и Петрол.

Тамошните медиуми известуваат дека трагдеијата се случила во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат.

Тој бил испратен во болница, но лекарите не можеле да го спасат и судијата починал на пат кон болницата.

Според зборовите на лекарот на домашниот тим Ерик Кошинер, судијата по пат добил втор инфаркт кој се покажал кобен.

https://youtu.be/vgFb5HJ4EB0

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Успехот под лупа: зошто добрата работа понекогаш се толкува погрешно

“`html Понекогаш се случува парадокс кој никој не го планира: ја работиш својата раб…