Весна Змијанац денес излезе од болница, а веста за нејзиното закрепнување предизвика позитивни реакции кај бројни обожаватели низ целиот регион.
По десет дена минати на одделението за кардиологија во Ургентниот центар, легендарната пејачка се врати во својот стан на Врачар, каде што ќе се посвети на одмор и опоравување во следниот период.
Весна пристигна со такси пред зградата, во придружба на својот зет Реља Поповиќ, кој ѝ помогна да излезе од возилото, ја отклучи вратата и ја понесе торбата што ја имала со себе за време на престојот во болница, објави Телеграф.
Да потсетиме, Весна Змијанац беше итно хоспитализирана откако на 5 декември двапати ѝ се слошило во текот на истиот ден. Поради сериозноста на состојбата, лекарите морале веднаш да интервенираат.
Денес ѝ беше извршена медицинска интервенција, при што ѝ беа вградени три стента со лековито дејство. Пејачката имала сериозно стеснување, односно затнување на еден од најважните крвни садови на срцето – главната гранка на левата коронарна артерија.
Иако оваа вест ја загрижи јавноста, Весна наскоро се огласи од болничката соба и ги утеши сите што се загрижени за нејзиното здравје.
Драги мои, само сакав да ви се јавам дека сум добро. Морам малку да одморам, си зададов темпо како кога бев млада. Утрешниот настап во Добој го одложуваме за друг датум, наскоро ќе ви јавам кога. Ве сака вашата Весна – напиша пејачката.
Веста дека музичката ѕвезда Весна Змијанац ја напушти болницата ги израдува сите. Сега пред неа е период на мир и одмор, далеку од сцената и рефлекторите, но со поддршка од семејството и љубовта на публиката која ѝ останува верна веќе децении.