Home Живот и здравје Вечера за 10 минути: Лесно и вкусно

Вечера за 10 минути: Лесно и вкусно

Ако немате премногу време за готвење вечера, не мора веднаш да се откажете и да нарачате готова брза храна…

Како што сами знаете, пет оброци на ден се идеални за да се остане здрав, да се одржи телесната тежина и да не се чувствува глад преку цел ден. Во денешно време, кога е сè потешко да се готват сложени јадења поради работа и обврски дома, ви претставуваме 6 едноставни вечери кои може да ги подготвите многу брзо. Многу се вкусни и ќе ѝ се допаднат на целата ваша фамилија.

1. Брзо пржено оризче

Пржен ориз е одличен избор ако ви останал ориз од ручек или ако имате сварен ориз во фрижидер. Загрејте го оризот со малку масло од сусам и две лажици соја сос. Додадете 2-3 свежи јајца и на крај наросете сечкан магдонос, млад кромид (или праз) и сусам, доколку сакате.

2. Сендвичи со сланина и кашкавал

Овие сендвичи не бараат посебни уреди и лесно се подготвуваат дома. Ако имате тостер, истостирајте ги парчињата леб, а ако не, притиснете ги со нешто тешко во тава. Идеалната комбинација е со сланина и швајцарски кашкавал, но може да се користи и мисиркино месо и чедар (или кое било месо и кашкавал што го имате дома). Додадете малку маслиново масло, зачини и сè што ви изгледа дека ќе се вклопи.

3. Салата со интегрални житарки

Можеби ќе посегнете по обична тестенина, но интегралните житарки имаат повеќе нутриенти и се подеднакво вкусни. Без разлика дали е киноа или просо, ако сварите една поголема количина од омилената житарка навечер, утредента ќе имате готова вечера во минута. Само подгрејте ги житарките, додадете малку козјо сирење или фета, магдонос и зеленчукот што ви останал во фрижидер. Одозгора додадете едно свежо пржено јајце.

4. Фритата (слично на мусака)

Ова јадење со јајца се пече во рерна во тавче. Најдобро е што во фритата можете да ставите буквално сè што имате во фрижидер – месо, зеленчук, кашкавал. Нашата омилена комбинација е со пармезан, чаден лосос и некој кремаст сос над сето тоа.

5. Италијанска супа

За посвежите вечери подгответе си топла италијанска супа. Испржете една главица кромид со 3 лажици путер. Додадете една конзерва домати во нивен сос, една лажица сол и вашите омилени зачини. Изблендирајте ја смесата и потоа ставете ја врз сварена тестенина или ориз, сечкано месо и зелен зеленчук по ваш избор.

6. И наједноставно – сварена тестенина

Сварената тестенина не бара многу време, а вечерата може да биде готова за 10 минути ако имате свеж зеленчук и зачини. Измешајте ја тестенината со маслиново масло, сол, бибер и пармезан, а на крај додадете малку сок од лимон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…