Home Живот и здравје Варијантата „Омикрон“ на коронавирусот се шири со загрижувачки голема брзина

Варијантата „Омикрон“ на коронавирусот се шири со загрижувачки голема брзина

Новите заклучоци на Светската здравствена организација алармираат дека „омикрон“ сојот се шири со исклучително голема брзина и досега беше потценет.

Според генералниот директор на организацијата Тедрос Гебрејесус, иако болеста е со полесни симптоми, бројот на заразени може да ги попречи здравствените системи, особено во помалку развиените земји.

Во моментов, случаи на Омикрон се официјално пријавени во 77 земји, но вирусот најверојатно циркулира во повеќе држави.

Тедрос смета дека Омикрон не може да се запре само со вакцинација, туку дека се потребни и санитарни мерки како лична хигиена, носење маски, проветрување.

Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од коронавирус во САД надмина 800.000, а бројот на заразени во земјата надмина 50 милиони. Податоците се од Универзитетот „Џонс Хопкинс”.

За брзото ширење на Омикрон сведочи фактот дека во последните 11 недели има 100.000 смртни случаи – најмногу за толку краток временски период. Споредбата се базира со зимата 2020 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 правила за животот на вашата мачка

10 правила за животот на вашата мачка Ако имате мачка како милениче, мора да го прочитате …