Ванг Ји: Посетата на Пелоси на Тајван требаше да предизвика криза за САД да го зголемат военото присуство во регионот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји проценува дека американската влада намерно ја планираше посетата на шефицата на долниот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван за да предизвика криза и да го зголеми своето воено присуство во регионот.

„Соединетите Американски Држави имаат обичај прво да создадат проблем, а потоа да го користат за спроведување на своите стратегиски планови. Постојат знаци кои сигнализираат дека, планирајќи ја ненајавената посета на Пелоси на, САД повторно го искористија својот стар трик и во моментов ја користат шансата за да го зголемат своето воено присуство во регионот“, кажа Ванг.

Кинеската Народноослободителна армија на 4 август почна големи воени вежби со користење боева муниција во поморските региони околу Тајван, ден по посетата на Пелоси на Тајван.

Пелоси престојуваше во кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Пекинг и предизвика раст на тензиите во Тајванскиот теснец.