Home Шоубизнис Вака изгледа животот на Меланија Трамп откако се пресели во Белата куќа

Вака изгледа животот на Меланија Трамп откако се пресели во Белата куќа

Две недели откако се пресели во Белата куќа, Меланија Трамп продолжува да живее живот повлечена од јавноста. Иако можеше да се види како ги извршува должностите на прва дама, нејзин приоритет е прилагодувањето на тој живот на синот Барон.

Дека тоа воопшто не е лесно покажува фактот дека баш сè што прави 11-годишното момче е вест на денот, било да носи маица со слоганот The Expert, било да си игра со светски популарната играчка “fidget spinner”, или да го фотографира како заиграно дете хеликоптерот Marine One.

За Fox and Friends, Меланија изјави дека толку ужива во Белата куќа, што воопшто не чувствува носталгија за Њујорк. „Барон се прилагоди и му се допаѓа тоа“, додава таа.

Меланија беше домаќинка на првата дама на Панама, го придружуваше Трамп за време на посетата на конгресменот во болницата и му помогна да организира пикник за членовите на Конгресот на тревникот од Белата куќа. Моментално се подготвува за пат во Полска и Германија, после Денот на независноста.

Американците и натаму се загрижени каква ќе биде првата дама, особено дали ќе живее монденски, ќе вечера во најскапи ресторани, ќе оди во луксузни теретани и скапи шопинг прошетки.

„Не знам никој во Њујорк кој ја познава или ја гледал на јавни настани и прилики, и мислам дека ист ќе биде случајот и тука“, изјави писателката Сели Квин.

Дури и Трамп својата сопруга ја опиша како личност која е посреќна дома отколку во јавно друштво.

„Таа навечер се повлекуваше дома и не сакаше да излегува ни со пријателките. Многу е воздржана“, тврди тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …