Вајнстин бил опседнат со најзгодните жени на светот, таа не сакала да има работа со него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Харви Вајнстин немал здрав однос кон жените, но наводно, според една славна дама, негувал посебно нездрава опсесија.

Филмскиот могул со децении сексуално ги злоупотребувал актерките и женскиот персонал од своите вработени, кои сега собраа храброст и јавно проговорија за сето она кое го преживеале. Меѓу нив не се вбројува Кели Брук, за нејзина среќа, со која Вајнстин бил опседнат. Доказ за тоа е фактот дека нејзината прва улога во Холивуд таа ја добила од него, кој на тој начин сакал да се приближи до бујната и секси убавица.

A post shared by Kelly Brook (@iamkb) on

Прв пат Кели, за која научниците се согласуваат дека е сопственичка на совршено женско тело, тој ја забележал во едно кафуле и не можел да го симне погледот од неа.

„Тврдеше дека блеска со неверојатен сексапил, па по секоја цена сакал да ѝ помогне во нејзината кариера. Кели не се согласила на тоа бидјеќи неговото однесување ѝ било одвратно“, вели извор близок на озлогласениот продуцент за The Sun.

A post shared by Kelly Brook (@iamkb) on

Кели соработувала со него на филмот Piranha 3D, после кој тој сакал да ја продолжи соработката со неа. Таа не го сакала тоа, па се фотографираше за Плејбој и настојуваше да изгради кариера без помош од Вајнстин. Неодамна се огласи околу скандалот кој го потресе Холивуд, а на жртвите им замери што не проговориле порано за тоа.

„Зарем филмските кариери и Оскарите беа вреди за тоа со години да го штитите овој ѕвер“, порача таа преку Твитер.