Актуелно

Утринска магла и разведрување и во вторник

И утринава во поголем дел од котлиите има појава на слаба магла и ниска облачност, додека на повисоките места е сончево. Котлините очекуваат разведрување доцна претпладне, а останува ведро на повисоките места во текот на целиот ден.

Навечер повторно ќе има слаба магла низ котлините и речните долини.

Ветерот ќе биде сосема слаб и ќе дува од југоисток.

Максималната температура денеска ќе има вредност помеѓу 10°С и 14°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места заради сончевото време околу 12°С.

Скопскиот регион и утринава има појава на ниска облачност и слаба магла. Околу пладне очекуваме овој слој на ниска облачост да се расчисти за поппладне да биде релативно сончево.

Температурата ќе има највисока дневна вредност околу 12°С.

Advertisements
To Top