Home Актуелно Уставен ја прифати иницијативата на Левица – потпретседателите на Владата ќе земаат пониска плата

Уставен ја прифати иницијативата на Левица – потпретседателите на Владата ќе земаат пониска плата

Петте владини потпретседатели, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Хазби Лика, според одлуката која ја донесе Уставниот суд на иницијативата поднесена од Левица, од наредниот месец ќе имаат пониска плата.

Иницијативата пред Уставен суд ја поднесе партијата Левица и според одлуката, функцијата потпретседател на Влада не постои во правниот поредок на Република Македонија, па нивната плата ќе се пресметува по коефициент 3,70 од просечната плата, како што е случајот со останатите министри, наместо со коефициент 4,00 како што беше до сега бидејќи се укинува дел од членот 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците.

„Правниот тим на Левица со усвоената иницијатива од страна на Уставниот суд на РМ, успеа да го укине коефициентот за плати на непостојната функција вицепремиер. Со ова, петтемина ‘потпретседатели на Влада’, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика остануваат со помали плати во иднина“, напиша Димитар Апасиев од Левица на неговиот Фејсбук профил.

Тој најави дека следна цел на партијата ќе биде укинување на апанажата на јавните функционери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…