Успешна опструкцијата на „ТНТ“ – процесот после Нова Година веројатно со нов почеток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обвинетиот Тони Трајковски, бивш градоначалник на општина „Гази Баба“, еден од неколкуте обвинети во судскиот процес за случајот „ТНТ“ денес не се појави на судското рочиште под водство на судијата Огнен Ставрев, со што дефинитивно пропаднаа сите напори и обиди за носење на пресуда за овој случај пред Нова Година и успеаја обидите за блокада на случајот кој се води скоро две години.

Тони Трајковски кој во неделата беше претепан не дојде на денешното рочиште, па иако обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката за него и за уште тројца обвинети, сепак судечкиот совет не го прифати неговиот предлог, пренесува Фокус.

Судијата Огнен Ставрев го закажа следното рочиште за после Нова година, за на 17 јануари и пропаднаа обидите пресуда да биде донесена пред Нова година.

Дотогаш се очекува и Судскиот совет да донесе одлука и да констатира дека мандатот на една од поротничките од судечкиот совет и е истечен и со тоа судењето да почне од почеток.

За обвинителот мандатот на обвинителката ќе биде истечен кога судскиот совет ќе го констатира тоа, а за одбраната на обвинетите нејзиниот мандат е веќе истечен.