Home Љубов и секс Усовршете го францускиот бакнеж

Усовршете го францускиот бакнеж

Бакнување што не се заборава е вистински предизвик

Да бакнеш некого на начин што ќе го памети засекогаш не е баш едноставно.

Потребно е сѐ да се совпадне – движењето на јазикот, усните, положбата на носот, и, најважното – дишењето. Без разлика дали првпат ја бакнувате дадената личност или сакате да оставите впечаток кој нема лесно да се избрише, ако сакате да станете мајстор на францускиот бакнеж, треба да ги знаете малите тајни на големите љубовници.

Техниката на бакнување, колку и да мислите дека веќе ја знаете, секогаш има простор за унапредување. А резултатот? Да кажеме дека вашата сакана личност нема да може лесно да се врати во нормала по таков бакнеж. Малиот водич што следува ќе ви открие како да го совладате волшебниот француски бакнеж.

Направете го првиот чекор

Не чекајте тој да ве бакне. Бидете вие први! Стручњаците велат дека секој од нас е одговорен за своето задоволство, и не би требало секогаш возбудата да ја очекуваме од другиот, истото важи и за бакнежот.

За да ја зголемите тензијата, започнете со нежен бакнеж на чело, потоа нежно допрете го врвот на неговиот нос, прегрнете го околу половината и почнете ја вашата француска авантура.

Одберете го вистинскиот момент

Нема што повеќе да го расипе совршениот француски бакнеж од лош момент. На пример, момент веднаш по обилен оброк – особено ако јадевте нешто лепливо или тешко и сѐ уште го „бркате вкусот“ низ устата – дефинитивно не е идеален.

Почнете полека

Францускиот бакнеж не бара брзина. Напротив, прибрзаноста може да ги расипе работите. Почнете полека, емотивно и сензуално. Ако премногу го форсирате бакнежот, може да оставите впечаток на грубост и непријатност.

Осигурајте се дека и другата личност има желба за бакнеж, пред да преминете во акција.

Инструкции за бакнеж

Прво, нежен бакнеж на горниот дел од партнеровите усни, па на долниот. Дозволете и тој да го направи истото. Така усните почнуваат да се запознаваат меѓу себе.

Со јазикот благо поминете меѓу неговите усни. Побарајте го неговиот јазик, но никако нагло – туку со полека, истражувачки (и малку провокативно). Ако ви возврати, поиграјте си неколку секунди со јазиците, па потоа вратете се на усните.

Посветете внимание на горната, па на долната усна – нејно нежно цицање и поголема блискост ќе ја направат атмосферата уште поинтензивна. Кога ќе почувствувате синхронизација, слободно внесете малку повеќе страст.

Бидете присутни и страствени

Има две работи што можат да го уништат уживањето во бакнежот: премногу размислување и преокупираност со тоа колку сте умешни. Ова се најчестите грешки при бакнување.

Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на чувството и моментот. Она што го прави францускиот бакнеж совршен е присуството и страста. Тоа не треба да е формална размена, туку чин исполнет со емоции и посветеност. Спојувате усни – но и срца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

Топ 3 причини зошто мажот повеќе не сака интимност со вас

1. ИСЦРПЕНОСТ И ДЕПРЕСИЈА Дури и најбаналната исцрпеност може да биде причина за намален л…