Уште една семејна трагедија: Тој се борел со бесните пламења, син му изгорел во пожарите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стравичните пожари кои ги зафатија и западниот и источниот дел на Атика, а однесоа речиси сто човечки животи, го прекинаа годишниот одмор на еден пожарникар, пренесува МИА.

Бил итно повикан да замине на работа, да помогне во справувањето со огнената стихија. Додека тој се борел со огнените јазици и спасувал луѓе, го загубил неговото шестмесечно дете. Неговата сопруга, со тешки повреди, се бори за живот.

За трагичната судбина на пожарникарот говореше претседателот на Грчката федерација на вработени во противпожарната служба Димитрис Статопулос за грчката телевизија Антена.

„Службата нареди мобилизација и беше обврзан да оди. Отиде да го гасне пожарот. За жал, ги остави сопругата и детето и сега, детето е меѓу жртвите, а сопругата е на интензивна нега“, рече колегата на пожарникарот за грчката телевизија Антена.

Според грчките медиуми, бебето беше првата идентификувана жртва во катастрофалните пожари. 

Во Институтот за судска медицина, изминатите денови се одвиваше „последниот чин од грчката трагедија“.  Како што јави дописничката на МИА од Атина, пред главниот влез на објектот, забележително беше присуството на грчки, но и странски медиуми. Дел од роднините на загинатите или исчезнатите говореа пред новинарите за да ја споделат нивната болка и трагичните моменти што ги живеат, дел не сакаа да коментираат.