Home Шоубизнис Уште една голема грешка на оскаровската вечер која ретко кој ја забележа

Уште една голема грешка на оскаровската вечер која ретко кој ја забележа

Покрај прогласувањето грешен победник, на синоќешните „Оскари“ се случи уште една голема грешка, која помина незабележително.

За време на сегментот „ИН МЕМОРИАМ“, во кој Академијата им оддава почит на сите филмски работници што нѐ напуштиле минатата година, беше употребена погрешна фотографија.

Додека Џенифер Анистон на сцената ги читаше имињата на починатите, на екранот течеше монтажата со фотографии од нив. Кога требаше да се оддаде почит на австралиската дизајнерка и четирикратно номинирана Џенет Патерсон, беше прикажана фотографија од продуцентката Џен Чампан, која е жива.

Чампан за „Хафингтон пост“ изјавила дека била „уништена“ кога се видела себе на екранот, но и поради тоа што нејзината добра пријателка не го заслужила ваквиот поздрав.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …