Home Актуелно Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ „ги осуди“ Ковачевски, Османи и Маричиќ по 101 година затвор

Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ „ги осуди“ Ковачевски, Османи и Маричиќ по 101 година затвор

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Собранието на Македонија си правеше уличен перформанс на кој ги осуди на 101 година затвор Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, за тоа што ја доведоа државата во потчинета состојба.

„Судот на народот ги прогласува за виновни и ги осудува за велепредавство. Лицето Димитар Ковачевски го осудува на 101 година за велепредавство, лицето Бујар Османи на 101 година за велепредавство, лицето Бојан Маричиќ на 101 година за велепредавство. И не само за велепредавство, туку и за криминалот кој што го направија. Овие лица имаат право на жалба, ама немаат право на прошка од страна на народот за распродажбата на националните и државните интереси“, рече Јана Марија Стефановска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…