Home Актуелно Украина поднесе жалба против Русија до Хашкиот суд

Украина поднесе жалба против Русија до Хашкиот суд

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека неговата земја поднела жалба против Русија до највисокиот суд на ОН кој ги решава правните спорови меѓу државите. Не е прецизно јасно врз која основа случајот е изнесен пред Меѓународниот суд на правдата со седиште во Хаг.

„Украина ја поднесе својата апликација против Русија до Меѓународниот суд на правдата. Русија мора да сноси одговорност за манипулирање со поимот геноцид за да ја оправда агресијата. Бараме итна одлука со која и се наредува на Русија да прекине со воената активност сега“, напиша Зеленски на Твитер.

Засега нема коментар од судот, кој ги решава правните жалби поднесени од државите за наводно прекршување на меѓународното право.

Русија ја започна воената инвазија врз Украина на 24 февруари. Руските сили денеска влегоа во градот Харков.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…