Украина и Русија договорија девет коридори за евакуација на цивилно население


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Украинската влада соопшти дека за денеска со Русија договориле девет рути за евакуација на цивилно население кои водат од различни украински градови, вклучувајќи го и опколениот југоисточен град Мариупол.

Коридорите се воспоставени да овозможат безбеден транспорт на хуманитарна помош во градовите и безбедно поминување надвор за жителите кои сакаат да заминат.

Во последниве денови, зголемен број приватни возила излегоа од Мариупол иако не беше воспоставен формален коридор. Хуманитарниот конвој наменет за градот со денови е заглавен во Бердијанск, околу 80 километри на запад.

Украинската министерка Ирина Верешчук, рече дека се договорени други коридори во регионот на Киев, вклучително и од Бородинка до Житомир и од селото Шевченкове до Бровари.