Укинат домашниот притвор и на Трајко Вељаноски – прифатена гаранција во висина од 209.791 евро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот претседател на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, се наоѓаше во куќен притвор за предметот познат во јавноста како „Организаторите на 27 април“.

Во овој случај, со пресуда од Основниот кривичен суд Скопје изречена на 26 јули лани, тој е осуден на 6,5 години затвор. Пресудата сè уште не е неправосилна со оглед дека Апелација треба да одлучи за поднесените жалби од странките.

Гаранцијата што ја понудил Вељаноски за да излезе од притвор и која била прифатена изнесува 209 791 евро, а спорд информации кои ги пренесуваат дел од медиумите се состои од недвижен имот, односно станува збор за куќата во којашто живее.