Учебната година ќе започне он-лајн, освен за учениците од прво до трето одделение


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен за учениците од прво до трето одделение, за сите останати ученици почетокот на учебната година ќе биде онлајн. Исто така, на барање на oпштините таму каде има помалку ученици наставата ќе се одвива со физичко присуство.

За децата од прво до трето одделение родителите ќе решат дали децата физички ќе присуствуваат во училиштата или наставата ќе ја следат онлајн.

– Образовниот процес е неспорно од значење, но не смееме да го занемариме здравствениот аспект. Нашата препорака е училиштата да почнат со настава онлајн, со два исклучоци: децата од прво до трето одделение, по барање на родителот, ќе можat да следат настава онлај, ќе има избор родителите ќе одлучат, и вториот исклучок на барање на oпштините, таму кадешто има мал број на ученици да добијат дозвола наставата да ја организираат со физичко присуство Во наставата со физичко присуство не треба да има повеќе од 20 деца, да се одржува дистанца, да се носат маски, наставникот да биде постојано со децата. Наставниот кадар и училиштата се целосно информирани за протоколите – рече министерот Филипче по седницата на владата.